Малолетничка прегазена од млад возач во Куманово

Малолетничка-прегазена-од-млад-возач-во-Куманово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малолетничка била прегазена на улица во Куманово од страна на 24-годишен возач, објави МВР.



„Синоќа во Куманово, на крстосница од булеварот Трета Македонска ударна бригада, улицата Б.Б.Гуцман и локален пат кон селото Проевце, патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, удрило во малолетничка од Куманово“, велат од МВР.

По несреќата малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK