Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, ја освои пол позицијата пред 12. трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Сан Марино и Римини.
Шпанецот ја освои првата пол позиција сезонава на патеката „Марко Симончели“, со рекорден круг од 1:30.390 минути.
Мартин беше класа за себе во квалификациите во Мизано и за речиси четири десетинки од секундата го остави зад себе Марко Бецеки од тимот ВР46, и го надмина неговиот рекорден круг возен во петокот.
На Мартин и Бецеки, во првиот стартен ред ќе им се придружи бранителот на титулата Франческо Бањаја, кој пред само шест дена имаше страшна несреќа на „Каталуња“ од која за среќа излезе без сериозни повреди.
Водечката тројка ја следеше возачот на Априлија, Маверик Вињалес, пред пензионираниот Дани Педроса кој доби специјална покана да се натпреварува во Мисано како возач на КТМ.
Алеиш Еспаргаро на втората Априлија имаше шесто време, следен од Бред Биндер на КТМ и Лука Марини на ВР46, додека меѓу првите десет се најдоа осумкратниот светски шампион Марк Маркез (Репсол Хонда) и Мигел Оливеира од РНФ Априлија.
Пред двојната програма во Мизано, Бањаја има 50 бода повеќе од Мартин во генералниот поредок.
Спринт трката е на програмата од 15:00 часот, додека Големата награда на Сан Марино и Римини е закажана за в недела на 14.