(Видео) Објавени застрашувачки снимки од земјотресот во Мароко – луѓето панично бегаат, камења ги блокираа патиштата

Видео-Објавени-застрашувачки-снимки-од-земјотресот-во-Мароко-–-луѓето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 296 лица загинаа, а повеќе од 150 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко синоќа, соопштија властите, јавува Си-Ен-Ен.


Соопштено е дека најмногу штети и смртни случаи има во тешко достапните планински области, а најмалку 153 лица се повредени и пренесени на лекување во болници.

Редгистриран е и последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала 19 минути подоцна.

Епицентарот на земјотресот во петокот бил во близина на градот Игил во провинцијата Ал Хоуз, на околу 70 километри јужно од Маракеш. Потресот бил на длабочина од 18 километри.

Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.

Според државната телевизија Ал Аула, земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од 12 век.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и станбени згради откако Националниот институт за геофизика во земјата предупреди за последователни потреси.

Министерството за внатрешни работи на Мароко денеска го повика населението да остане смирено и „да не паничи“.

Земјотресот бил почувствуван дури и во Португалија и Алжир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK