(Видео) Мишел: ЕУ е подготвена да му помогне на Мароко по смртоносниот земјотрес

Видео-Мишел-ЕУ-е-подготвена-да-му-помогне-на-Мароко.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко по смртоносниот земјотрес во кој загинаа најмалку 296 лица, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.


„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите вклучени во операцијата за пребарување“, напиша Мишел на платформата на социјалните мрежи Х, порано Твитер.

„Вестите за земјотресот се застрашувачки. ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки моменти“, додаде Мишел.

Мишел се наоѓа во индискиотград Њу Делхи, каде што учествува на самитот на Г20.

Најмалку 296 лица загинаа во земјотресот

Според првичните податоци на Министерството за внатрешни работи загинаа најмалку 296 лица, а 153 се повредени.

Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил со јачина од 7,2 степени. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,8 степени и соопшти дека е на релативно мала длабочина од 18,5 километри.

Игил, планинска област со мали земјоделски села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време.

Локален функционер изјави дека најголем дел од смртните случаи се случиле во планинските области до кои е тешко достапни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK