Приотитет ни е да ги спасиме луѓето, рече Мицотакис во Волос

Приотитет-ни-е-да-ги-спасиме-луѓето-рече-Мицотакис-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по состанокот во Градското собрание во Волос зборуваше во врска со катаклизмата предизвикана во некои делови на Грција од бурата Даниел, која според метеоролозите била најсилната што ја погодила земјата од 1930 година и оставила траги на уништување.


„Наш приоритет е спасувањето на луѓето. Ќе ги поддржиме сите градови погодени од природната катастрофа“, рече Мицотакис и побара од жителите на погодените подрачја да покажат трпение.

„Ќе ја обновиме нашата инфраструктура и ќе биде поотпорна. Целта е итно обновување на водоснабдувањето во Волос и Пелион, како и итно обновување на оштетувањата на патната мрежа. Она што се случува со климатската криза не е само грчки проблем. Видовме што се случи и во Словенија“, рече Мицотакис.

Премиерот ја истакна многу добрата соработка со локалните самоуправи и додаде дека е многу важна во овој момент.

„Грчката економија е стабилна и имаме сила да ги поддржиме нашите граѓани да ја издржат оваа катастрофа“, рече Мицотакис.

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од шест се водат како исчезнати по невремето „Даниел“ што ја погоди централна Грција. Невремето донесе обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони, а уништија патишта и мостови. Градот Волос и областа Пелион во Тесалија се најпогодените области.

Од вторникот во Грција се евакуирани 820 лица, од кои 750 во регионот на Тесалија. Во поплавите во Грција во 2017 година загинаа 25 луѓе, а стотици останаа без покрив над главата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK