Министерот за правда, Кренар Лога, денеска во Берн, главниот град на Швајцарија се сретна со неговата колешка, Елизабет Баум Шнајдер.
Ова е втора средба со највисоките органи на швајцарската правда, по скорешната средба со државниот обвинител на Конфедерацијата, Стефан Блејтлер.
Oд Министерството велат дека средбата е по повод Денот на независноста.
Целите на ова интензивирање на контактите се: Зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата; Размена на информации за овие категории на кривични дела, незаконски имот, проблеми со екстрадиции во нашата земја итн.; можноста за евентуална помош во затворскиот систем, но и размена на искуства во овие области.
Министерот Лога го доби ветувањето за соработка во овие сегменти, кои предвидуваат евентуално потпишување на договорот меѓу двете страни во кривичната и граѓанската област, обука на експерти, институционална помош и посета на колешката Шнајдер во Скопје.
Ова е прва посета по долги години на еден министер за правда на Македонија на Швајцарија, каде што живеат голем број државјани на нашата република.