На шефот на најголемата нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири, две климатски активистки му забија торта во лицето.
Шефот на авиокомпанијата се насмеа на тоа и рече: „Честитки“.
На видеото се гледа како првата жена му приоѓа на О’Лири и му вели „добредојдовте во Белгија“ пред да му ја втурне тортата во лице. Потоа почна да вика: „Стоп за загадувањето со е*аните авиони“. Во исто време, друга жена му турна уште едно парче торта во лицето. Демонстрантите потоа се оддалечија.
Ryanair CEO Michael O’Leary was hit with a pie by environmental activists during a press conference in Brussels.
The activists can be heard shouting “stop the pollution” before throwing the cake at O’Learyhttps://t.co/AYlfWbXGlu pic.twitter.com/s5s4DnU2O6
— Sky News (@SkyNews) September 7, 2023
Ова се случи во моментот кога шефот на „Рајанер“ се подготвуваше да одржи прес-конференција и да и предаде петиција на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
О’Лири рече дека повеќе од 1,5 милиони луѓе ја потпишале неговата петиција со која се повикуваат летовите над Европа да бидат подобро заштитени од штрајкови на контролата на воздушниот сообраќај. Петицијата дојде откако штрајкот на француските контролори на летање во јуни ја принуди авиокомпанијата да откаже околу 900 летови.
За време на неговото обраќање пред новинарите, тој се пошегува за инцидентот: „Сакам кремасти торти, тие ми се омилени“. Подоцна, тој лижеше дел од тортата што му остана на лицето и рече: „Убава торта“.