(Видео) Најмалку седум загинати во поплавите во Турција: продолжуваат операциите за пребарување и спасување

Видео-Најмалку-седум-загинати-во-поплавите-во-Турција-продолжуваат-операциите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку седум лица загинаа во силните поројни поплави предизвикани од обилните дождови во северозападниот дел на Турција, јави денеска турската државна агенција Анадолија.


Две лица загинаа, а 31 се повредени во северните квартови на Истанбул, Башакшехир и Кучукчекмеџе, каде што поплавите ги преместуваа автомобилите по улиците, јавува Ројтерс.

Пет лица загинаа, а едно лице се води како исчезнато во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија и Грција, откако неколку куќи беа поплавени, јавуваат локалните медиуми.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат и вети финансиска поддршка за семејствата во подрачјата погодени од поплавите.

Околу 125 литри дожд на квадратен метар го погодија Истанбул за помалку од шест часа, што е еднакво на она што вообичаено паѓа во Истанбул во септември, според Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK