РК Вардар 1961 е победник во Суперкупот на Македонија

РК-Вардар-1961-е-победник-во-Суперкупот-на-Македонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

РК Вардар е освојувач на Суперкупот на Македонија откако во салата „Парк“ во Струмица го совлада големиот ривал Еурофарм Пелистер со 30:26. Во еден возбудлив дуел, „црвено-црните“ беа подобри во второто полувреме и заслужено стигнаа до четвртиот трофеј во Суперкупот. Овој меч го означува и стартот на новата ракометна сезона на домашната сцена.


На полувремето беше 13:13. На стартот на вториот дел вардарци поведоа со 16:14 и не го испуштија водството до крајот.

Стефан Петриќ со седум гола и Мартин Томовски со седум одбрани беа предводници во тимот на РК Вардар 1961. Исто така, Срдановиќ постигна осум гола, од кои шест од седмерец.

Седум гола постигна Радивојевиќ кај Еурофарм Пелистер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK