Денеска полициски службеници од СВР Скопје-Единица за насилен криминал, по добиена судска наредба, извршија претрес во дом на 55-годишниот З.З. во село Мирковци, скопско, извести МВР.
– При претресот пронајдена е автоматска пушка. З.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.