За Филипе Кутињо нема место во Астон Вила, а очигледно ниту во европски фудбал. Бразилецот се договорил со катарскиот Ал Духаил. Деновиве би требало да го стави потписот на договорот.
Кутињо сезоната ќе ја мине како позајмен играч во Катар. Ал Духаил во целост ќе ја покрие неговата плата.
Ал Духаил е најдобриот тим во катарската лига има освоено дури осум титули, во лигата која е формирана во 2009 гоина.
Тренер на овој тим е легендарниот Аргентинец Ернан Креспо.