Поради местење натпревари суспендиран фудбалот во Боливија

Поради-местење-натпревари-суспендиран-фудбалот-во-Боливија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската федерација на Боливија (ФФБ) одлучи да откаже два турнири во Купот поради истрага за наводна корупција и местење натпревари.


ФФБ пред да ја донесе одлуката свика итен состанок на кој присуствуваа претставници на сите 17 клубови од првиот ранг на натпреварувањето и делегати од девет регионални фудбалски сојузи. Се разговараше за организацијата на Купот на Боливија и Купот на Симон Боливар.

По состанокот во понеделникот, ФФБ поднесе кривични пријави против голем број играчи, клупски функционери и судии осомничени за вмешаност во разработена мрежа за местење натпревари, поткуп и незаконско обложување.

Претседателот на ФФБа, Фернандо Коста на прес-конференција рече дека до крајот на годината ќе започне нов турнир со помал број клубови, но ФФБ прво мора да добие одобрение од Фудбалскиот конфедерација на Јужна Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK