Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја започна дводневната посета на Киев во знак на поддршка за украинската контраофанзива и се очекува да објави нов пакет помош од САД во вредност од над една милијарда долари, изјави висок претставник на Стејт департментот на брифинг со новинарите.
Блинкен, кој е првиот висок американски функционер што го посети Киев од почетокот на контраофанзивата, треба да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулебa.
Aмерикански официјални лица неформално истакнале дека контраофанзивата била премногу бавна и немала добра тактика, критики што ги налутиле украинските власти и го поттикнале Кулеба да им порача на критичарите да молчат, пренесува „Ројтерс“.
Украина повторно зазеде десетици села и мали населби во контраофанзива, а напредувањето се забавува поради огромните мински полиња и ровови поставени од руската армија.