Јувентус има капитен странец за прв пат по 60 години

Јувентус-има-капитен-странец-за-прв-пат-по-60-години.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нов капитен на тимот на Јувентус е Бразилецот Данило, кој со тоа стана првиот странски играч кој ја добива оваа чест од 1963 година.


Последен странски капитен на Јувентус беше Аргентинецот Омар Сивори.

Од заминувањето на легендарниот Леонардо Бонучи, капитенската лента остана без постојан сопственик.

Нетипично за Јуве и неговата историја, лентата замина кај странец. Данило ја носеше лентата на почетокот на сезоната и така ќе продолжи и во иднина.

Тој, значи, ќе биде првиот меѓу еднаквите, а воедно стана и првиот странец по Аргентинецот Омар Сивори (1963-1965) што ја носи капитенската лента.

Шест децении, лентата се пренесуваше од рака на рака исклучиво од италијански играчи играчи. Во последните две децении го носеа живите легенди на клубот и италијанскиот фудбал: Бонучи, Кјелини, Буфон, Дел Пјеро, пред нив Антонио Конте, Џанлука Вијали итн.

Данило сега е во таа група на великани.

Бразилецот е во клубот од 2019 година и според се што покажа досега, како на теренот, така и во соблекувалната и надвор од теренот, заслужи повеќе од кој било да ја носи лентата на „Старата дама“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK