Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование

Комисијата-за-заштита-од-дискриминација-ќе-го-тужи-Министерството-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе одлука да поднесе тужба против Министерството за образование, соопштија од комисијата.


„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на денешната седница донесе одлука да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (action popularis) против Министерството за образование и наука“, се наведува во информацијата.

Ова како што велат од таму е заради повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK