Вчера попладне околу 16 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес, 63-годишната С.Т. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот, извести МВР.
– Во несреќата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес, соопшти МВР.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.