Фудбалскиот клуб Вождовац ги засили своите редови со Перуанецот Родриго Вилка, кој до крајот на сезоната ќе настапува за српскиот тим како позајмен играч од англиски Њукасл.
Станува збор за 24.годишен играч од средниот ред, кој кариерата ја започна во Депортиво Мунисипал, а во октомври 2020 година се пресели во Њукасл.
После тоа беше на позајмица во Донкастер и перуанскиот Универзитерио, за кого настапуваше минатата сезона.