Индија најверојатно ќе се преименува во Бхарат. На социјалните мрежи беа објавени слики од официјалната покана на шефовите на држави и министри на Г-20 на вечера организирана од претседателот Друпади Мурму.
G20 dinner invite for 9th September from President of Bharat pic.twitter.com/pGMICzoZqF
— Sidhant Sibal (@sidhant) September 5, 2023
Поканата покажува дека поканата била од „претседателот на Бхарат“. Бхарат е името на Индија во некои индиски јазици.
Резолуцијата најверојатно ќе биде разгледана на Специјалната седница на парламентот, изјави „Си-ен-би-си“. Овој потег се смета за одговор на опозицискиот сојуз кој себеси се нарекува Индија.
Во претходните покани на претседателот стоеше дека е претседател на Индија.