Пратениците во српското Собрание денеска ја продолжуваат седницата, а власта и опозицијата расправаат за предлогот за ребаланс на буџетот, за акцизите, како и за спорниот Закон за трговски друштва и за избор на нов министер за економија.
Опозицијата претходно најави дека ќе ја блокира работата на парламентот и побара одржување на вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава.
https://www.youtube.com/watch?v=4B8is8by5Zs
Пратеникот на Зелено-левичарскиот фронт Радомир Лазовиќ изјави дека опозицијата ќе ја блокира работата на парламентот и ќе побара итен одговор од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„На сите им е јасно дека власта не сака да ги исполни барањата на протестите, бараме распишување на белградски и парламентарни избори, за опозицијата како прв чекор да ги исполни барањата на граѓаните. Сметаме дека избори одржана до крајот на годината би било решение и бараме итен одговор од Александар Вучиќ. Ќе ја блокираме оваа седница додека не добиеме одговор за одржување на изборите и ќе продолжиме со протестите“, рече Лазовиќ.
На прес-конференција денеска говореа организаторите на протестот „Србија против насилството“ и пратеници во Собранието. Тие најавија дека бараат вонредни белградски и парламентарни избори до крајот на годинава и дека денеска ќе ја блокираат работата на парламентот.
Претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ, пред почетокот на седницата изјави дека со задоволство ја прифаќа желбата на опозицијата да учествува на изборите и дека за тоа ќе ги извести надлежните институции.
Пратеникот од Двери, Иван Костиќ, го поддржа предлогот на опозицијата за одржување предвремени избори и нагласи дека оваа партија, а како што вели и „државотворната“ опозиција, тоа го бара од март.
Пратеникот на Народното движење на Србија, Мирослав Алексиќ ја повика премиерката Ана Брнабиќ да поднесе оставка од оваа функција, а претседателот Вучиќ да распише избори.
Претставниците на опозицијата почнаа да ја блокираат работата на парламентот веднаш откако членовите на Владата влегоа на седницата.
Сите пратеници на проевропската опозиција кренаа документи со кои бараа да се прекине насилството, да се преземе одговорност…
Ќе работиме“, рече Орлиќ.
Сите претставници на проевропската опозиција станаа од столчињата и почнаа да го блокираат парламентот. Дел од толпата извикува „Забела, Забела“ и „надвор, надвор!“.