Кинеската безбедносна агенција верува дека евентуалната средба на претседателот Шји Џјинпинг со неговиот американски колега Џозеф Бајден во Сан Франциско подоцна оваа година зависи од тоа дали САД ќе покажат „доволно искреност“.
„За вистински да се постигне тоа САД треба да покажат доволно искреност“, соопшти Министерството за државна безбедност, алудирајќи на последната средба меѓу Бајден и Џјинпинг на маргините на Самитот Г-20 во индонезиското одморалиште Бали, минатиот ноември.
Според Ројтерс, не е јасно дали ова министерство, кое е главната кинеска разузнавачка агенција, знае за плановите или има влијание врз разгледувањето на дипломатските ангажмани на кинескиот претседател.