Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи, извести МВР.
– Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.