Тренерот на фудбалскиот клуб Барселона, Чави Ернандез, потпиша нов тригодишен договор со клубот и се обврза на соработка до 2026 година, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Актуелниот договор на Чави истекуваше за една година. Тој дојде на клупата на тимот во кој израсна како играч и ја заслужи репутацијата на еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот во 2021 година, од Ал Сад.
Шпанецот претходната сезона со Барселона ја освои шампионската титула во Шпанија.