Концерт со наслов „Трансформации“ ќе се оддржи на 10 октомври (сабота) во 19.00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. Концертот ќе биде реализиран од „Пламенка Трајковска“, гудачки квартет во состав Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска-Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска на виолончело.
Концертот „Трансформации“ претставува музичко – истражувачки проект во кој се оживуваат заборавени и малку познати народни песни од македонската фолклорна ризница преку нови аранжмани за гудачки квартет.
Повод за концертот е одбележувањето на 120 годишнината од раѓањето на Живко Фирфов македонскиот етномузиколог, композитор, диригент и музички деец кој бил истакнат собирач, мелограф и толкувач на македонскиот музички фолклор. За концертот се користени мелографските колекции на Живко Фирфов а Пламенка Трајковска направи нови иновативни аранжмани за гудачки квартет.
Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет – виолина, виола и виолончело, македонскиоте мелодиски и ритмички линии од сите региони на Македонија, како и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика автентичните карактеристики на македонскиот музички код.Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и македонска музика.
Концертот „Трансформации“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на македонските музички слики со гудачки квартет да се нурне во македонската музичката ризница и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на македонскиот народ.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северена Македонија и НУЦК „Антон Панов“ Струмица.