Мајка почна целата да се тресе од болка, говорејќи на протестот пред Владата за кражбата на лекови во Онкологија. Таа го прекина говорот, по што собраните и даваа да се напие вода за да се смири.
Мајката зборуваше за смртта на нејзиниот син, кој починал на 31 година, а неговата хемотерапија била неуспешна.
Таа изјави дека проблем со цитостатици нема само во јавното, туку и во приватното здравство, каков што бил нејзиниот случај.
Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите на Клиниката за онкологија им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.
Пред владината зграда се скандира „крадци, убијци“, а се бараат и оставки.