Непознато или повеќе лице синоќа оставило свинска глава на влезот во џамија во Грац, Австрија, јавува агенцијата „Анадолија“. Џамијата работи во рамките на Австрискиот турско-исламски сојуз за култура и социјална помош (ATIB).
„Силно го осудуваме овој напад. Почитувањето на местата за богослужба, верските чувства и институциите се меѓу неопходните сегменти на сите модерни општества“, соопшти ATIB, пренесува Fenix Magazine.
Турскиот амбасадор во Виена, Озан Џејхун, во изјава за Анадолија, го осуди инцидентот, за кој рече дека има за цел провокација. Џејхун додаде дека ги чекаат резултатите од истрагата за овој случај.
Умит Вурал, претседател на Австриската исламска заедница, која ги претставува муслиманите кои живеат во Австрија, рече дека внимателно ги скедат случувањата и дека се во контакт со локалните власти.
„За жал, нашите џамии се цел на напади веќе неколку години во Грац. Ова е прашање што треба да се сфати многу сериозно. Го осудуваме овој грозоморен напад“, рече Вурал.
Во Грац, на влезот во џамијата во 2016 година истотака била оставена свинска глава.