Украинските сили изгубија 140 војници за еден ден во областа Запорожје

ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските вооружени сили изгубија 140 војници и шест тенкови во изминатите 24 часа во близина на Работин во областа Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Евгениј Балицки.

„Во текот на 24 часа, непријателот загуби 140 војници, со исклучок на три лица кои се предале. Исто така, уништени се шест тенкови, еден камион и четири дронови“, напиша Балички на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС.


Тој изјави и дека ситуацијата во околината на Работин се уште е тензична и дека во текот на ноќта било забележано движење на група напаѓачи од околу 20 лица, но дека се елиминирани.

Министерството за одбрана на Русија претходно објави дека украинските вооружени сили неуспешно се обидуваат да изведат контраофанзива од 4 јуни. Според податоците на воената агенција, Украина во текот на два месеци изгубила повеќе од 43.000 војници и околу 5.000 парчиња различно оружје, вклучувајќи 26 авиони и 25 тенкови Леопард.

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека украинската армија не успеала да постигне никаков успех во ниту една област.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK