Општина Карпош и оваа година продолжува да ги поддржува талентираните ученици од основните училишта на својата територија, преку доделување осуммесечни стипендии за учениците од VIII и IX одделение.
Во учебната 2026/2027 година, Општината ќе додели вкупно 57 стипендии, од кои: 33 стипендии од прва категорија, во месечен износ од 3.500 денари; 24 стипендии од втора категорија, во месечен износ од 3.000 денари.
Списокот на добитници на стипендии е објавен на следниот линк: https://shorturl.at/toH6R.
Со оваа мерка, Општина Карпош ги поттикнува и наградува младите таленти, мотивирајќи ги да продолжат да постигнуваат одлични резултати во образованието, како и во воннаставните и слободните активности.