Кореецот Хванг ќе биде најскапо засилување за Црвена звезда во историјата

Кореецот-Хванг-ќе-биде-најскапо-засилување-за-Црвена-звезда-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кореецот Хванг Ин Беом ќе стане најскапото засилување во историјата на Црвена звезда. Тој ќе потпише четиригодишен договор со српскиот шампион и доаѓа од грчки Олимпијакос во трансфер вреден 5.000.000 евра, пренесува „Телеграф“.



Хванг важи за еден од најдобрите играчи во Јужна Кореја. За репрезентацијата одигра 45 натпревари и е незаменлив на позицијата централен играч за врска.

Европската кариера Хванг ја започна во рускиот клуб Рубин Казан во 2020 година, а две години подоцна го облече дресот на грчки Олимпијакос.

Хванг ги одигра сите натпревари за својата репрезентација на Светското првенство во Катар минатата година, а Јужна Кореја се пласираше во осминафиналето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK