Папата ја заврши посетата на Монголија, многумина веруваат дека ова патување е порака до Кина

3papa.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го заврши историското патување во Монголија, чија главна цел беше да ја посети католичката заедница во оваа азиска земја, но која доби меѓународна конотација поради неговите пораки до соседна Кина за религиозните права и слободата.


Папата ја заврши својата петдневна посета со отворање на „Куќата на милосрдието“, повеќенаменска установа за давање привремена здравствена заштита на најзагрозените жители во главниот град на Монголија, како и на бездомниците, жртвите на семејно насилство и мигрантите.

„Вистинскиот напредок на една нација не се мери со економското богатство, а уште помалку со инвестирање во илузорната моќ во оружјето, туку со неговата способност да обезбеди здравје, образование и севкупен развој на својот народ“, рече Папата.

Тој исто така кажа дека сака да го отфрли „митот“ дека целта на католичките институции е да ги преобратат луѓето.

Монголија беше дел од Кина до 1921 година, а патувањето на папата беше обележано со алузии или апели до соседната суперсила и нејзиното комунистичко владеење, со кое Ватикан има проблеми во односите, објави Ројтерс.

На крајот од неделната миса, тој ја поздрави Кина, нарекувајќи ги нејзините граѓани благородна нација и побара од католиците во Кина да бидат добри христијани и добри граѓани.

Со зборови кои изгледаа дека се насочени кон Кина, а не кон Монголија, папата рече дека владите немаат причина да се плашат од Католичката црква бидејќи таа нема политичка агенда. Пекинг се обидува да ги искорени странските влијанија и да наметне послушност кон Комунистичката партија, оценува британската агенција.

Фразата што ја употреби папата во неделата, „добри христијани и добри граѓани“, е онаа што Ватикан често ја користи за да се обиде да ги убеди комунистичките влади дека давање поголема слобода на католиците само ќе им помогне во социјалниот и економскиот напредок на нивните земји, пишува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK