Серхио Рамос наскоро ќе потпише за Севилја и се чека само официјално соопштение откако е постигнат договор меѓу клубот и играчот. Рамос одбил значително профитабилни понуди за да се врати во Севилја, клубот од каде замина во Реал Мадрид.
Легендарниот стопер на шпанската репрезентација и на Реал Мадрид е слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен, а со 37 години сѐ уште е желен за предизвик.
Беше во преговори со Бешикташ, но ништо нема да се случи од неговиот трансфер во Турција, исто како и со трансферот во саудискиот Ал-Итихад, кој му даде одлична понуда.