Во Монте Карло се одржа ждрепката на групите на Европската фудбалска лига.
Бранителот на титулата, англискиот Вест Хем Јунајтед е сместен во групата А со грчки Олимпијакос, германски Фрајбург и српски ТСЦ од Бачка Топола.
Натпреварите во групата од 1.коло ќе се играат на 21 септември, а оваа фаза од натпреварувањето ќе заврши на 14 декември.
Победниците од групите ќе изборат директен пласман во осминафиналето, второпласираните ќе играат средно коло против третопласираните од групното натпреварување во Лигата на шампионите, третопласираните ќе се преселат во Конференциската лига, додека последниот ќе го заврши натпреварот.
Финалето ќе се игра на 22 мај во Даблин.
ГРУПИ НА ЕВРОПСКАТА ЛИГА:
Група А: Вест Хем Јунајтед, Олимпијакос, Фрајбург, ТСЦ Бачка Топола
Група Б: Ајакс, Марсеј, Брајтон и Хов Албион, АЕК Атина
Група Ц: Ренџерс, Бетис, Спарта Прага, Арис Лимасол
Група Д: Аталанта, Спортинг Лисабон, Штурм, Раков
Група Е: Ливерпул, ЛАСК, Унион СГ, Тулуз
Група Ф: Виљареал, Рен, Макаби Хаифа, Панатинаикос
Група Г: Рома, Славија Прага, Шериф, Сервет
Група Х: Баер Леверкузен, Карабаг, Молде, Хекен