Што поскоро да се донесе Законот за средно образование, за децата со попреченост ќе го реши проблемот со образовни асистенти, вели Народниот правобранител

ucilisna-godina-dnevnik-ucilnica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Народниот правобранител пред стартот на учебната година на сите ученици, особено на првачињата, преку соопштение им посакува успешна година, во која ќе се стекнат со нoви знаења, ќе совладаат нови вештини со помош на кои понатаму ќе се доизградат како личности кои ќе дадат придонес за општеството во сите сeгменти.


Имајќи ја предвид клучната улога на образованието во развојот на личноста на детето, Народниот правобранител во оваа прилика апелира до сите инволвирани во воспитно образовниот процес, и до родителите, максимално да се посветат на образованието и воспитувањето на децата, да работат со нив, да им го дадат потребното внимание и грижа, да им обезбедат помош и поддршка, и разбирање за прашања во врска со училишниот, но и секојдневниот живот, при тоа почитувајќи ги децата како носители на права, и водејќи сметка најдобриот интерес на детето да биде водечки при донесувањето одлуки, се вели во соопштението.

„Во овој контекст, потсетува дека децата треба да ги вклучат во сите процеси кои се однесуваат на нив или се во врска со нив, со што ќе испратат јасен сигнал дека низ училишната година не се оставени сами на себе, и дека во секој момент за секој проблем, без страв и ограничување има на кого да се обратат за да го решат проблемот или дилемата која ја имаат.

Што се однесува до оние кои се одговорни за спроведувањето на политиките во образованието, Народниот правобранител потсетува дека основното и средното образование се задолжителни и бесплатни, а обезбедувањето учебници и други помагала, како и превоз на учениците се само дел од предусловите за непречено одвивање на квалитетен образовен процес за сите деца, вклучително и за децата во ризик, децата кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, како и децата со попреченост. Следствено, препорачува што поскоро да се донесе Законот за средно образование, кој за децата со попреченост системски ќе го реши проблемот со обезбедувањето на образовни асистенти со чија помош и поддршка на полесен начин ќе го совладуваат дадениот материјал“, се наведува во соопштението.

Народниот правобранител ги охрабрува учениците да покажат интерес за заштита на своите права, да ги запознаат истите, и без страв да пријават евентуално нивно непочитување или повреда без оглед дали повредата е во рамките на домот (семејството) или во училиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK