Украинците го нападнаа Курск со дронови, оштетени згради

napad-kiev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украински беспилотни летала повторно полетаа кон главниот град на Русија и над југозападниот регион што граничи со Украина, соопштија утрово руските власти. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека противвоздушната одбрана соборила беспилотно летало кое во текот на ноќта се приближувало кон главниот град. Нема извештаи за жртви или материјална штета, рече тој.



Во меѓувреме во областа Курск, два украински беспилотни летала полетаа кон градот Курчатов во раните утрински часови, соопшти гувернерот Роман Старовоит.

Тој рече дека во нападот биле оштетени управната зграда и куќата. Да потсетиме, нападите со украински беспилотни летала врз Русија се интензивираа оваа недела. Рано во средата, Русија го доживеа најголемиот напад со беспилотни летала на нејзина територија откако ја започна својата инвазија минатата година. Беа нападнати шест региони, вклучувајќи ги Москва и Брајанск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK