Белгискиот шампион Антверпен, данскиот шампион Копенхаген и холандскиот шампион ПСВ Ајндховен се последните три учесници во групната фаза на Лигата на шампиони по реваншите во баражите.
Антверпен, кои лани стигнаа до најдраматичната титула во историјата на Белгија, ги победија АЕК Атина во Грција со 2:1, и заедно со победата од 1:0 на домашен терен сигурно стигнаа до групната фаза.
ПСВ Ајндховен, пак, го декласираше Глазгов Ренџерс со 5:1 по гостинските 2:2, додека Копенхаген одигра само 1:1 со полскиот Раков, но им беше доволна гостинската победа од 1:0 за место меѓу најдобрите.
Ждрепката за групите во ЛШ се одржува утре во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 2.МЕЧ
АЕК Атина – Антверпен 1:2, прв меч 0:1, вкупно 1:3
Копенхаген – Раков 1:1, прв меч 1:0, вкупно 2:1
ПСВ Ајндховен – Ренџерс 5:1, прв меч 2:2, вкупно 7:3