(Видео) Митева: Кога фирмите блиски до ДУИ се богатат, економијата и народот страдаат

Кога веќе ме прашуваат, Ковачевски гласал за промена на имиња на улици и има записник за тоа
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фирмите блиски до ДУИ секогаш обезбедуваат преференцијален третман на пазарот, благодарение на нивните политички, но и роднински врски. Овој пат, вредноста на политичко-корпоративните врски во ДУИ за тендерот кој Бујар Османи како МНР го доделува на Еуровиа ДООЕЛ чиј сопственик е Елмедин Адеми, иначе внук на поранешен функционер на ДУИ, за адаптација на спортскиот центар Борис Трајковски чини 1,8 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.


„Покрај фактот што фирмата е во сопственост на внук на поранешен функционер на ДУИ, покрај фактот што истата оваа фирма има добиено и многу други државни тендери, особено важен е фактот што токму ЕУРОВИА ДООЕЛ се јавува како најголем донатор на ДУИ, со донација надвор од законски дозволениот лимит.

Но, добрата соработка помеѓу власта на ДУИ и СДС со ЕУРОВИА ДООЕЛ се гледа по тоа што токму во периодот од 2017 до денес фирмата доживува вистинската експанзија приходите и профитот. Ако се погледнат податоците на растот на приходот ќе се потврди дека за само една година, од 2021 до 2022 има пораст од над 100% односно приходот во 2021 година изнесувал 7,4 милиони евра, а веќе следната година скоро 15 милиони евра“, вели Митева.

Во однос на профитот, според Митева, состојбата исто така оди во нагорна линија, особено во последните две години, односно профитот во 2021 година бил 576 илјади евра, а веќе во 2022 година 787 илјади евра.

Доколку сите овие податоци не се доволни за ЈО да отвори постапка или ДКСК да поднесе пријава за злоупотреба на службена положба тогаш, додава таа, уште еднаш ќе стане јасно дека ДУИ и СДС ги штитат нивните бизнис интереси преку злоупотреба на државните пари.

„Во ваков свет, со ваква власт, продуктивните фирми залудно ќе се борат да ги надминат политичките функционери, што ќе доведе до намалена деловна динамика. И едно е јасно – кога фирмите блиски до функционерите на ДУИ се приоритет, економијата и народот страдаат. Ова мора да запре, одговорност мора да има“, нагласува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK