(Видео) Ковачки: Од автоматско оружје пукаат и други лица, во присуство на челници на СВР Битола, оружјето не е најдено, ниту сите пукачи се повикани во полиција

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Оливер Спасовски мора под итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи. Денеска ќе објавиме втор дел од видеото на кое се гледа дека не само командирот, туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово. Автоматското оружје од кое е пукано се’ уште не е пронајдено“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


„Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица. Со цел да се забошоти случајот со предизвикување на општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили кои пукале со автоматско оружје кое се’ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице кое мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице кои можеби и не е полицаец?

Според информациите доставени до нас, од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен после неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и истиот да се забошоти“, рече Ковачки.

„Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и истото лице наместо да го спречи или пријави настанот, истиот го прикрил!

Сакајќи да ја покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници откако реагираа пост-фестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.

Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија. Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните“, додаде Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK