На 28 август околу 20.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, 18-годишниот М.С. од Прилеп, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.
– По несреќата, М.С. бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.