Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка, затоа што криминалот владее со државата. Затоа што тој како министер 8 години дозволи башибозлук во Македонија. Затоа што убијци слободно се шетаат. Затоа што командирите и началниците кои тој ги поставува наместо да го гонат криминалот ги кршат законите.
Впрочем последен таков случај беше во Ропотово каде што среде веселба, среде толпа, командир на полициска станица пукал од автоматско оружје и со тоа ги довел во прашање животите на присутните.
Да биде уште пострашно на лиуце место биле присутни високи полициски службеници и никој не реагирал. Дури и автоматската пушка од која било пукано не е пронајдена, што значи дека се работи за нелегално оружје.
Ова ли се европските стандарди? Ова ли е безбедност на една НАТО земја? Како може нелегално, автоматско оружје да поседува и користи еден полициски службеник, кој треба да го спроведува законот?
Ова е одговорност на Спасовски кој 8 години замајува со некаков ветинг, а всушност дозволи целосен башибозлук во министерството за внатрешни работи. Оставката на Спасовски е првиот чекор кон унапредување на безбедноста и мирот на граѓаните.