Зајакнувањето на соработката со Црвениот крст ќе значи бенефит за граѓаните, вели Meџити

foto-CK-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Учеството во заеднички кампањи и здравствено превентивни активности, зајакнувањето на соработката во областа на обезбедувањето на прва помош и психо-социјална поддршка, се главните цели за кои денес Меморандум за соработка потпишаа министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити.

Согласно меморандумот двете страни ќе спроведуваат и активности кои ќе придонесат и за подигнување на свеста за крводарителството, унапредување на социјално – хуманитарни активности како и подготвеноста за одговор при катастрофи.

„Овој меморандум ќе даде значаен придонес за зајакнување на нашата соработка со Црвениот крст, а од сето тоа најголем бенифит ќе почуствуваат граѓаните. Ќе работиме на различни значајни активности кои ќе овозможат граѓаните да добијат дополнителна поддршка и едукација за различни теми, меѓу кои важноста од правилно и навремено укажување на прва помош и превенцијата заразни и незаразни акутни и хронични заболувања.“- истакна Меџити на средбата.

Со меморандумот е предвидено воспоставување на иновативни здравствено – социјални услуги согласно потребите на различни целни групи на население, и инкорпорирање на истите во системите за здравствена и социјална заштита. Две од клучните активности во кои ќе се одвива соработката, а ги пилотира Црвениот крст на РСМ се услугата итно копче и услугата која обезбедува наменски транспорт за лица кои не се во животно загрозувачка состојба и кои не се во можност самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална или друга административна услуга, заради старост, болест или потешкотии при самостојно движење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK