Белата куќа беше блиску до тоа отворено да каже дека Кремљ е одговорен за смртта на водачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, за кој се верува дека загинал во мистериозна авионска несреќа минатата недела.
„Сите знаеме каква историја има Кремљ, што прави Путин“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
„Јасно е што се случи таму“, додаде таа.
Пригожин, кој започна краткотраен бунт во јуни, загина минатата недела во авионска несреќа во близина на Москва.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не е изненаден.