Руската војска синоќа соопшти дека соборила неколку украински беспилотни летала на нејзина територија. Руската војска на Телеграм објави дека соборила три украински беспилотни летала над јужниот регион Брјанск, еден над централниот регион Орлов и еден во регионот Калуга, јужно од Москва.
Руските власти соопштија дека бил нападнат аеродромот Псков во близина на границата со Латвија и Естонија.
Russian media report a drone attack on an airfield in Pskov, Russia. It hosts both civilian and military aircraft. Some sources report that at least two military aircraft were destroyed. pic.twitter.com/YANZ0r1Vzy
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 29, 2023
„Министерството за одбрана го одби нападот со дрон на аеродромот во Псков“, напиша гувернерот на Псков, Михаил Ведерников на апликацијата за пораки Телеграм.
Според првичните информации, нема повредени, рече тој.
„Како резултат на нападот со беспилотно летало, оштетени се четири авиони Ил-76. Избувна пожар и се запалиле два авиони“, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби.
Russian media publish a video of burning Il-76 aircrafts on Pskov airfield. pic.twitter.com/dSl7qbUFnY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 29, 2023
Руските медиуми објавија снимка на која се гледа густ црн чад над аеродромот.
По известувањето за нападот со дрон, ТАСС објави дека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково е накратко затворен. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пак, ги повика жителите на главниот град на Украина да останат во засолништа откако утрото се слушнаа експлозии во Киев.