Ал Итихад понуди 162 милиони долари за Салах

1693296598-23231532365640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Челниците на Ал Итихад не се откажуваат од Мохамед Салах. Си-би-ес спорт, објави дека биле подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра (162 милиони долари) за Салах.


Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул и менаџерот Јирген Клоп постојано негираат дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.

Си-би-ес спорт тврди дека за челниците на клубот глвана цел е до крајот на преодниот рок, односно до 20. септември да го ангажираат Салах.

Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 108 милиони долари, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 54 милиони долари.

Салах (31) пристигна во Ливерпул во 2017 година од Рома. За англискиот клуб одигра 307 натпревари и постигна 187 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK