Карим Бензема се повреди за време на натпреварот на неговиот Ал Итихад со Ал Вехда во 4. коло од шампионатот на Саудиска Арабија. По една ситуација која не изгледаше опасно, Бензема куцајќи го напушти теренот со помош на двајца соиграчи.
Францускиот напаѓач пристигна во летниот преоден рок во клубот од Саудиска Арабија каде што настапува за плата од 200 милиони евра годишно. На првите три првенствени натпревари постигна еден гол и забележа две асистенции.
🚨Se acaba de lesionar Karim Benzema con el Al-Ittihad.
Esto ya es una maldición…pic.twitter.com/oQ6tljajEi
— Lavozgalactica (@Lavozgalactica) August 28, 2023
Арапските медиуми претходно пишуваа дека неговото доаѓање не било добро прифатено од тренерот на тимот Нуно Еспирито Санто. Неодамнешниот освојувач на Златната топка наводно не се вклопувал во стилот на игра што го негува португалскиот тренер.
Се пишуваше дека Еспирито Санто наводно не сакал Бензема да дојде во клубот, но челниците инсистирале на тоа кога се укажала прилика да го доведат одличниот Французин.