Со „бмв“ излетале од патот Охрид-Свети Наум, двајца тешко повредени

soobrakajka-noke-policija-202622.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово во 04.30 часот било пријавено дека на регионален пат Р1301 Охрид-Свети Наум во населба Свети Стефан, патничко моторно возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.А. од Охрид, излегло надвор од коловозот, извести МВР.


– По несреќата возачот Б.А. и неговиот сопатник В.М.(18) од Охрид биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK