Руската воздушна одбрана уништи беспилотно летало кое се движело кон Москва, соопшти утринава градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин. Дронот е уништен во близина на Љуберци, југоисточно од Москва, додаде тој.
„Според првичните информации нема жртви или материјална штета. Екипите на итната помош се на местото на настанот“, изјави Собјанин.
Претходно привремено беа затворени два московски аеродроми, Дудедово и Внуково, објави новинската агенција Тасс, повикувајќи се на соопштенија од авијацијата.