Косовец украл пари од џамија и цел месец се шетал слободно низ Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жител на Косово украл пари од џамија во Скопје.



Полицијата соопшти дека синоќа во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле Н.Р.(37) од Косово, поради основано сомнение дека на 29 јули годинава околу 10.00 часот од џамија на Бит Пазар со употреба на сила одзел пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ова не е првпат да се краде од верски објект.

Пред неколку години имаше пријавени кражби на пари од џамии во Тетово, Врапчиште, Батинци.

Често на мета на крадци се и црквите во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK