Трамп за три дена заработил 7 милиони долари од продажба на маици и шолји со затворската слика

dtj-a_custom-7e852c13e15bf80e4dd8de37723b17552b5b4881-s1100-c50.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изборниот штаб за претседателската кампања на Доналд Трамп соопшти од четвртокот до сега се собрани 7,1 милиони долари, односно откако беше фотографиран во затворот во Џорџија.


Како што се наведува од неговиот штаб, најголем дел од парите се собрани од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, шолји и термоси.

Трамп во четвртокот се предаде на затворските власти во Џорџија, но поради претходниот договор на неговите адвокати со судските власти, набрзо беше ослободен со кауција да го чека судењето за обвиненијата дека се обидел да ги поништи изборните резултати во Грузија во 2020 година.

Тој се соочува со три други одделни обвиненија, од кои две се поврзани со неговите лажни тврдења дека последните избори биле наместени и нападот на неговите обожаватели на Капитол во Вашингтон.

Поранешниот претседател, кој се кандидира за уште еден мандат, ги отфрли обвинувањата и тврди дека судските случаи против него се политички мотивирани бидејќи тој ја води трката за републиканска номинација и има реална можност за реванш со актуелниот претседател Џо Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK