Фатени 9 мигранти од Сирија на пат кон гевгелиско село

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На регионалниот пат 1102 кон селото Милетково, полицијата пронајде девет мигранти од Сирија во патничко возило Бе-Ем-Ве Х6 со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.


Возачот го напуштил местото на настанот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2023 во 18,00 часот на регионален пат 1102 кон с.Милетково од полициски службеници од Полициска станица Богородица во патничко моторно возило „бмв Х6″ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, а возачот го напуштил местото на настанот – се вели во соопштението од МВР.

Мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK