Додека навивачите на српската репрезентација ги намалија очекувањата на Светското првенство, нивната прва ѕвезда, Никола Јокиќ продолжува со забавите в својата татковина, очигледно психички далеку од кошарката.
Двократниот МВП на НБА лигата го поминува слободното време во родниот Сомбор, каде што неодамна беше „фатен“ на концерт на Цеца, за сега на социјалните мрежи да се појави снимка од неговата забава на улиците во Сомбор, каде што тој привремено го сопре сообраќајот додека неговите пријатели се обидуваа да го тргнат од патот.
View this post on Instagram