Хајредини: Сликање со Ескобар за „европски фронт“ без книги за учениците, без лекови за болните, со изгорена и украдена пошта

BO-Eskobar1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Не е доволно само едно сликање со Ескобар за „европски фронт“ и членство во ЕУ“, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини, за дводневната посета на американскиот дипломат Габриел Ескобар на Македонија.


– Без книги за учениците, без лекови за болните, без независни обвинители и судии, со возови што се движат со брзина од 20 км на час, со изгорена и повеќе пати украдена пошта, со нула отсто доверба на народот во обвинителите и судиите, со секојдневни коруптивни скандали и афери на државни и партиски функционери на власт, кои на избори крадат и купуваат гласови, со злоупотреба на парите од европски фондови и амерички донации – за „европски фронт“ и членство во ЕУ не е доволно само едно сликање со Ескобар, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.

Неговиот критички коментар се однесува на лицата од власта кои посетата на Ескобар ја искористија да се фотографираат и промовираат на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK